10 докторски реченици и нивното вистинско значење
| Што всушност си мислат во себе докторите кога ќе ви речат: - "Би требало веднаш да се погрижиме за ова." (Наредната недела планирав да одам на Халкидики, ама ова е толку лесно и профитно, па подобро да го средам пред да му помине само од себе.) - "Ајде да видиме што имаме овде." (Кога нема поим што ви е, се надева дека ќе му дадете некаква помош.) - "Само момент, да ви ја проверам историјата на болестите."(Да проверам да не должи нешто овој од последниот пат, па да си го губам времето за џабе.) - "Ќе треба да дојдете повторно наредната недела."(Ми треба некој екстра денар, па сакам да ви наплатам уште еден третман.) - "Хмммммммммммммммммм..."(Kога навистина нема појма што да одговори, сака да остави впечаток дека е длабоко замислен, па се надева дека сестрата ќе го сврти муабетот во друга насока.) - "Доколку не ви помине за една недела, јавете ми се."(Курац, стварно немам појма што ти е, можеби ќе си пројде само од себе.) - "Би сакал да направиме уште некои тестови."(Можеби детиштено од лабораторијата ќе открие што му е.) - "Дали знаете дека целиот тој стрес може негативно да ви се одрази на здравјето?"(Си мисли дека сте луди, па се надева дека ќе лапне процент од психијатарот.) - "Зошто не си ги кажете сите маки?"(Не сум се смеел цел ден.)- "Доколку ги имате истите симптоми, јавете ми се да закажеме."(Ти'бам, не сум видел ништо погадно во мојава кариера, фала курцу што сум слободен наредната недела.) |


0 Comments:
Post a Comment
<< Home