Monday, July 03, 2006

Работи кои ги пропуштате... кога не сте во МАКЕДОНИЈА

- Дневникот на Македонска Телевизија.
- Прогласување на селски мост од 2 метра за капитален објект, чија изградба започнува во предизборјето.
- Одговорните изјави на одговорните луѓе дека девалвација на денарот нема да има.
- Генијалните мисли на нашите независни интелектуалци, кои тврдат дека од нашата власт е полоша само нашата опозиција.
- Доцнењето на возовите, поради што цела влада во Јапонија би извршила самоубиство.
- Декемвриска плата во мај.
- Славите на кои никој нема да збори за политика (првите 5 минути).
- Фактот дека старите гаќи се скинале, а купувањето нови е луксуз.
- Келнери кои се страшно навредени бидејќи сте нарачале само кафе и минерална вода.
- Подпазувни мириси во преполн градски автобус.
- Јули во јули.
- Јули во август.
- Јули во септември.
- Најголемиот опозиционер Љубчо Георгиевски.
- Најголемиот опозиционер Никола Груевски.
- Најголемиот синдикалец Ванчо Муратовски и неговите штрајкови, после кои синдикалците сигурно ќе ги остварат своите барања.
- Шопинг во "Мал Солун" (Шутка).
- Ефтините кинески скутери.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home