Како да г и нервираш луѓето
| - Потпевнувај ја често музиката од Бетмен. - Лижи го филот од наполитанките и потоа составувај ги повторно. - Во секоја конверзација реплицирај со: "Така мислиш ти". - Оставај бакшиш со бугарски стотинки. - На забава која ја организира некој твој пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава. - Пеј си слободно на глас доколку отидеш на опера. - ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ. - пишувај само со мали букви. - Немој да употребуваш интерпункциски знаци - Отиди на поетски рецитал и прашувај зошто стиховите не се римуваат. - Кога ќе кивнеш, не ставај рака или марамче пред носот. - Секогаш во друштво, на 5 минути пред крајот на шоуто смени го каналот. - Мрмори си разни бројки додека некој брои пари. - Намерно на работа свиркај си песнички кои ќе им влезат во психа на колегите, како на пример "Лакокарача". - Застани на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успоруваат. - Прашувај ги луѓето кој пол се. - Остави ја новогодишната елка накитена до април.- Грицкај ги пенкалата кои ти се дадени на заем. |

