Friday, April 06, 2007

7 најголеми глупости кои се случиле во војна

1. Во битката кај Карансебес во 1788 година, 10.000 австриски војници изгинале и биле повредени кога пијаните војници почнале да викаат дека доаѓаат Турците и отвориле оган меѓу себе.
2. Во 1836 година, мексиканските трупи биле во судир со Тексашаните. Еден топол априлски ден, мексиканскиот генерал им наредил на неговите војници да се одморат, кога наишле Тексашаните и ја "испердашиле" целата мексиканска армија за само 18 минути.
3. Во 1757 година, пруската армија ги напуштила своите доброутврдени позиции бидејќи мислеле дека виделе нешто што личело на единици на автриската артилерија. Во прашање било стадо крави.
4. Кога султанот Занзибар одбил да ја напушти својата палата во 1896, бтитанската флота му објавила војна. Оваа војна завршила за 38 минути, кога 2 гранати го погодиле неговиот единствен и стар брод.
5 Во 1865, кралицата Викторија испратила шест воени бродови да ја потопат боливиската флота. Подоцна и објасниле дека Боливија нема брег, па нормално ни флота.
6. За време на Втората светска војна, Русите измислиле "кучешки бомби". Тренирале кучиња со бомби на грб да се провлечат под германските тенкови и така да ги уништат. Бидејќи тренирале на руски тенкови, кучињата отишле под нив и за време на битката. Целата руска дивизија била приморана да се повлече.7. Јапонскиот војник Хиро Онода ја продолжил својата битка од Втората светска војна се до 1974 година. На филипинскиот остров Лубанг, тој пукал на се живо што ќе пробало да му се приближи и одбивал да се предаде верувајќи дека војната сеуште трае и дека тоа е американска пропаганда. Се предал дури кога неговиот командат отишол и лично не му објаснил некои работи.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home