Friday, June 16, 2006

после бродолом

После бродолом, на пуст остров се наоѓа весела дружина од:2 Италијани и Италијанка2 Французи и Французинка2 Германци и Германка2 Англичани и Англичанка2 Бугари и Бугарка2 Јапонци и Јапонка2 Кинези и Кинескињa2 Американци и Американка2 Ирци и Иркиња

После еден месец на островот состојбата е ваква:

- Едниот Италијанец го уби другиот заради Италијанката.- Двајцата Французи и Французинката безгрижно си живеат во "menage-r-trois"

- Двајцата Германци договорија фиксен распоред за посета на Германката.- Грците се заљубија, а Гркинката ринта, готви и чисти.

- Двајцата Англичани чекаат некој да ги запознае со Англичанката.- Бугарите се загледаа во бесконечниот океан, потоа добро ја загледаа Бугарката, па скокнаа во океанот и запливаа.

- Јапонците испратија факс во Токио и чекаат инструкции.

- Двајцата Кинези отворија ресторан, продавница за текстил, аптека и перална, Кинескињата затрудне па сите ја очекуваат новата работна сила.

- Двајцата Американци размислуваат за самоубиство бидејќи Американката стално се жали на својот изглед и телото, размислува за феминизмот, им потенцира што се може таа а неможат тие, се жали на неправедната распределба на работата во куќата, тврди дека заради палмите и песокот изгледа дебело, го спомнува бившиот дечко кој го ценел нејзиното мислење и бил нежен и внимателен за разлика од нив, тврди дека односите со мајка и ипо се подобрени и задоволна е што даноците се ниски, а и не врне.

- Ирците го поделија островот на Северен и Јужен, направија казан и почнаа да произведуваат виски од кокос. Немаат претстава што се случува на островот, се им е магловито од првите неколку литри. Битно е дека се пресреќни затоа што на Англичаните им е ужасно досадно.


0 Comments:

Post a Comment

<< Home