Monday, October 09, 2006

:-)


Ова го сликав пред некој ден се скинав од смеење иначе ова е ставено пред врата на едно интернет кафе.

Mudrosti
- Мажот е НАЈСЛАБ во моментите кога жената му шепнува дека е ЈАК!
- Оној што е слаб во умот, МОРА да има јаки мускули!
- Златното правило гласи: Кој има злато, ТОЈ ги пишува правилата!
- Парите се како и жените. Мораш да се грижиш за нив, ИНАКУ ќе отидат во рацете на некој друг!
- Парадокс: Пријателот на мој пријател е мој пријател, а пријателот на моја пријателка е мој непријател!
- Ако сакаш да те сметаат за богат, оди кај сиромашните!
- Ако не одиш до крајот на патот, зошто воопшто тргнуваш?
- Ако некој те излаже за нешто, тој не е во ред, но ако за истото те излаже уште еднаш, ти не си во ред.
- Смеата е една од најсериозните работи.
- Дури и среќата ќе се умори ако некого на грб долго го носи!
- Добар маж е секој кој вели дека жената му е добра. И обратно!


Tuesday, October 03, 2006

Како да г и нервираш луѓето

- Потпевнувај ја често музиката од Бетмен.
- Лижи го филот од наполитанките и потоа составувај ги повторно.
- Во секоја конверзација реплицирај со: "Така мислиш ти".
- Оставај бакшиш со бугарски стотинки.
- На забава која ја организира некој твој пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава.
- Пеј си слободно на глас доколку отидеш на опера.
- ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
- пишувај само со мали букви.
- Немој да употребуваш интерпункциски знаци
- Отиди на поетски рецитал и прашувај зошто стиховите не се римуваат.
- Кога ќе кивнеш, не ставај рака или марамче пред носот.
- Секогаш во друштво, на 5 минути пред крајот на шоуто смени го каналот.
- Мрмори си разни бројки додека некој брои пари.
- Намерно на работа свиркај си песнички кои ќе им влезат во психа на колегите, како на пример "Лакокарача".
- Застани на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успоруваат.
- Прашувај ги луѓето кој пол се.
- Остави ја новогодишната елка накитена до април.- Грицкај ги пенкалата кои ти се дадени на заем.

ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници
Недела, 20:47Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Петровец по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.

Понеделник, 10:30Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот Петровец но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.

Понеделник, 15:45Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и стјуардесите на МАТ штрајкуваат барајќи поголеми плати а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДУИ. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДПА која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва межу нив и персоналот. Во општата тепшачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник, 19:05Конечно се смируваат страстите а МАТ во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.

Понеделник, 20:07Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали уништивањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник, 21:00Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.

Недела, 17:2012 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 19:45Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42Двајацата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет


вицови

Дошол цајкан кај шефот и му вели:- Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави...- Зошто?- Па, го прашувам еден човек колку е часот, а овој ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10.
* * *

Што прави Етиопјанец кога ќе пронајде трошка? - Отвара пекара.
А кога ќе најде прстен?- Игра хулахоп.

Како кажува плавуша дека и се секса?
- Лелеee, колку сум пијана.
* * *
Каде ги крие Црногорката парите од сопругот?
Под лопатата.
* * *
Си биле две баби и разговарале за внуците.Едната рекла „Од мојот нема да биде ништо. По цел ден е пред компјутер и штрака по тастатурата“А другата рекла „Мојот или ке биде доктор или авијатичар. Кога ке влезам кај него во соба има еден куп шприцеви и ми вика бабо ајде да летаме.
* * *Му приоѓа просјак на некој наркоман и му вика:
- Помагај брате ништо не сум јадел три дена!!!
Наркоманот:
- Мораш да јадеш брате, макар и со сила!